Новата скулптура „Дојрански рибар“ од Никола Пијанманов им оддава почит на генерациите рибари кои ја граделе приказната на градот и неговата нераскинлива врска со езерото.
#Дојран #Култура #Уметност #Македонија – at Former Yugoslav Republic of Macedonia
Килибарна соба, некогаш наречена „Осмото светско чудо“.
Оригиналот, украсен со килибар и златни детали, исчезнал во Втората светска војна, откако нацистите го однеле во 1941 година.
Денес, во палатата Екатерина кај Санкт Петербург, може да се види нејзината реконструкција, завршена во 2003 година.
Каде е оригиналот? Мистеријата сè уште трае. 🟠
bbc.com/travel/article/20210…
Дали знаеш дека малата бронзена Тетовска менада можеби некогаш била украс на сад за вино? 🍷🏺
Откриј ја приказната за едно античко ремек-дело од нашето културно наследство. 👇
#ТетовскаМенада #Археологија #Македонија #КултурноНаследство
ZARA Home прекинувач за светло (единечен или дупли) со дрвен или метален финиш
1.990 - 2.790 мкд.
Преден поглед на кафеав правоаголен ѕиден прекинувач со заоблени агли и централен прекинувач.
EM Modul EDGE е најновата, престижна линија на модуларни прекинувачи и приклучоци од производителот TEM Čatež, која претставува спој на модерен минимализам и ретро шик дизајн. Карактеристично за оваа серија е што е добитник на престижната награда за дизајн Red Dot Design Award минатата година
Клучни карактеристики на серијата EDGE:
- Пин-прекинувачи (Toggle switches): Линијата е специфично дизајнирана за употреба со впечатливи преклопни „пин“ прекинувачи во форма на лост, достапни во 4 различни бои.
Премиум материјали за маски:Алуминиум во сребрена, златна и антрацит боја, како и најновите црни и бели метални изведби.
Метални декоративни маски:Стаклени декоративни маски: Луксузни контрастни стакла во црна и бела боја.
Цени на alfaelektronik.com.mk/index.…
tem.mk/modul-edge/
SMOKING KILLER - Kill the Smoke, Save Your Life💪🏻
Create in @PixVerse
#pixverse #pixversecpp @PixVerseCreator
☕🪑 Најдоброто столче за пиење кафе
Од кафулињата на Виена до ентериерите ширум светот, Thonet No. 14 е доказ дека добриот дизајн никогаш не излегува од мода.
Со доцнење, 📖 „Скопје - Архитектурата како фотографска скулптура (1963–1990)“ од @poison__grl е фасцинантен поглед и визија за бруталистичкиот идентитет и геометријата на Скопје низ фотографски објектив. Топла препорака да се потсетиме на некои објекти кои за жал веќе ги нема.
#Skopje #Brutalism #Architecture #Design #читајкнига #универзална
ТТексклузив има неколку фабрички рамно ткаени теписи изработени според највисоки стандарди со користење на врвна Новозеландска и Британска волна обоена во различни хармонични бои.
Цена од 200-450 ЕУР за 200х290 см.
Состав: 100% Волна
ttexclusive.mk/product/бродв…
Made in Serbia
Карактеристично за овие парчиња на столарската работилница Велес се природност, едноставност и препознатлива форма. 🌳 Текстурата на дрвото е главниот визуелен елемент, без непотребни детали. Мебел со карактер, создаден да трае, а не само да следи трендови. Дизајнот е минималистички, со елементи на јапонска и скандинавска естетика. Браво.
instagram.com/veles_furnitur…
🎃 Што ако реалистичниот ентериер влезе во цртан Halloween свет? 👻🦇 Малку фантазија, топла светлина, свеќи и неколку непоканети гости. 😼
Како ви се допаѓа оваа трансформација на нашите 3D рендери? 🕸️
#Dekorama #InteriorDesign
🇮🇹🇮🇹 дизајн
Superleggera 🪑 на Џо Понти е чиста уметност!
Инспириран од традиционалниот Chiavarina стол од 19 век, Понти со години го дестилирал дизајнот до совршенство. За разлика од претходникот Leggera од 1951 со заоблени ногарки, тука оди чекор подалеку во инженерската прецизност елиминирајќи го секој вишок за да создаде ремек-дело.
Зошто нам ни се допаѓа:
🪶 ПЕРДУВЕСТ, тежи само 1.7 кг! Дизајниран толку паметно со триаголни ногарки од јасен што буквално можеш да го кренеш со само еден прст. Прелесен, а екстремно цврст.
ЕЛЕГАНТЕН, линиите му се толку тенки и прецизни што изгледа како да лебди во просторот. Минимализам со италијански шарм кој никогаш нема да излезе од мода.
СО КАРАКТЕР, конструкција е толку добра, што на фабричките тестови го фрлале од 4-ти кат и наместо да се скрши, тој едноставно отскокнувал од асфалтот! Синоним за истрајност спакувана во нежен изглед.
ЦЕНА, права ситница €1,256 до €2,422 во зависност од избраниот материјал, боја на дрвото (природен јасен, обоен или лакиран) и типот на седиштето (ткаенина или кожа)
cassina.com
Не сме биле, ама на листа е библиотеката Старфилд (Starfield Library) во Сеул, еден од најпрепознатливите културни и архитектонски симболи на Јужна Кореја. Сместена директно во срцето на огромниот трговски центар COEX Mall во луксузната дестинација Гангнам, претставува спектакуларен јавен простор на две нивоа, позната по своите импресивни полици за книги високи дури 13 метри.
Иако содржи над 70.000 книги и списанија, оваа „библиотека“ функционира повеќе како отворен градски атриум, споменик на модерната архитектура и исклучително популарна локација за фотографирање отколку како традиционална, тиква читална.
Гондола како од „Славија“ на времето
Самостојна централна на повеќенивоа островска полица (долго име, превод од англиски) за малопродажен објект (со пет хоризонтални нивоа), асиметрично распоредени во вертикална насока. Конструкцијата е составена од хоризонтални полици со правоаголна форма и вертикални носечки панели поставени наизменично, со цел да се постигне карактеристичниот степенест изглед. Завршната обработка е во декор на природен даб, со видлива текстура на дрвото. Ако имате комерцијален простор и ви треба помош, додека сме на тема продажни простори.
Гистав Доре е уметникот кој го нацрта релјефот на човечката душа, распнат помеѓу најдлабокиот пекол на Данте и најсветлите ангели на Милтон. Неговите гравири не се обични илустрации, туку живи портали кон метафизичкото каде светлината и темнината водат вечна, епска војна. Тоа е апсолутен визуелен мистицизам кој и денес нè остава без здив.
Но, зад оваа космичка и религиозна уметност стои фасцинантна реалност. Доре бил неверојатен вундеркинд кој својата професионална кариера ја започнал на само 15 г. Неговиот мозок генерирал толку многу грандиозни визии, што самиот не стигнувал физички да ги изреже во дрво сите тие хипер-детални сцени. Затоа, на врвот на својата кариера во Париз, многу години пред Lucasfilm и специјалното студио за визуелни ефекти Industrial Light & Magic (ILM), раководел со огромна „фабрика за фантазија“. Оваа индустрија на имагинацијата вклучувала тим од околу 40 врвни мајстори-режачи кои со хируршка прецизност ги пренесувале неговите цртежи на дрвени блокови за печатење. Како вистински визионер, Доре ги поставувал метафизичките темели, а неговата армија од занаетчии ги преточувала во вечноста. Генијалец кој ја индустријализираше уметноста за да ја долови бесконечноста. 🌌👁️✨
#GustaveDore #ГаргојлиИАнгели #ПеколотНаДанте #Метафизика #Уметност #Книги #Вундеркинд #Мајсторство #Гравура
Prada си поигра со магијата на Disney. 🎨
А ние си поигравме со ВИ и со два ентериера. Што ако реалниот простор се претвори во бајка? 🐈
Еве како изгледа кога дизајнот, технологијата и фантазијата ќе се сретнат.
Кампањата на Прада tinyurl.com/ceyta2pw
#Dekorama #AI #InteriorDesign #Prada
















































