Здравствените власти се тука на долги стази
🤝 Денеска со израелскиот тим од медицинскиот центар „Шиба“ и со нашите лекари ги претставивме резултатите од оваа недела за повредените во трагедијата во Кочани.
🩺 Израелските хирурзи, заедно со нашите тимови, извршија:
✅ 24 специјалистички прегледи
✅ 16 операции, 10 во Општата болница Кочани и 6 на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје
✅ реконструкција со фокус на шаките и рацете, за да им се врати функцијата и подвижноста
🙏 Им благодарам на д-р Моти Харац, д-р Матан Шерф и д-р Тал Канфино Кац. Благодарам на д-р Катерина Мирчовска, на огромната посветеност и на д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, и на сите наши хирурзи, анестезиолози и медицински сестри.
🇮🇱 תודה רבה לצוות של שיבא!
👩⚕️ Работната група на Министерството, со д-р Гордана Георгиева, ги координира сите напори за потребите на повредените, од проценката до рехабилитацијата на секој пациент.
Грижата не завршува со операцијата. Продолжуваме со контроли, нега и рехабилитација.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#Кочани #МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #Шиба #Израел #Рехабилитација
Терапијата треба да патува – не пациентот!
По започнувањето на децентрализацијата на терапијата на мултипла склероза, денеска на Медицинскиот факултет во Скопје учествував на стручниот состанок за децентрализација на терапијата за инфламаторни цревни болести (Кронова болест и улцерозен колитис), во организација на Македонското здружение за гастроентерохепатологија, предводено од проф. д-р Мери Трајковска.
📊 Бројот на пациенти на биолошка терапија порасна од 15 во 2019 на 217 денес. Над половина од нив живеат надвор од Скопје, а многумина патуваат со часови за една терапија.
🏥 Предлогот
✅ Терапијата на одржување кај стабилни пациенти да се дава во регионални центри
✅ Клиниката да остане за дијагноза, започнување на терапија и сложени случаи
✅ Пилот во 2027 година во ГОБ „8 Септември“, а потоа контролирано проширување
💬 Децентрализацијата за терапијата е тројна вредност: за пациентот - полесен пристап; за клиниката - растеретување; за регионалните центр - збогатување на работата на здравствените работници!
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ИнфламаторниЦревниБолести #КроноваБолест #УлцерозенКолитис #ЗдравствоБлизуДоПациентот #ФЗО
💊 Нов Закон за лековите – по 19 години и повеќе од 20 измени
Денеска ја одржавме националната консултација за новиот Закон за лековите со учество на здруженија на пациенти, комори, фарма индустрија, експерти и владини институции.
📜 Што се менува:
✅ законот од 2007 година, менуван повеќе од 20 пати, се заменува со нов
✅ лековите и медицинските средства добиваат посебни закони
✅ во следната фаза се издвојува и закон за фармацевтската (аптекарската) дејност
✅ целосно усогласување со европското законодавство
👥 За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие терапијата, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба.
📌 Следни чекори:
✅ секоја забелешка ќе биде разгледана и образложена
✅ посилни механизми против недостиг на лекови и поедноставено пријавување на несаканите реакции
✅ план за имплементација со МАЛМЕД и јасна временска рамка за доставување на законот во законодавна постапка
⚙️ Законот ќе вреди онолку колку што ќе се примени. Затоа за секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства и во кој рок.
🙏 Им благодарам на работната група, на WHO Macedonia и на сите учесници!
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ЗаконЗаЛековите #Лекови #Пациенти #СЗО #ЈавноЗдравје
Од проценка кон план за квалитет
Во јуни, како директор на ФЗО, на првата работилница за квалитет зборував за она што може да го направи Фондот: аналитички извештаи, стандарди за квалитет во договорите и поврзување на финансирањето со квалитетот.
На вчерашната аработилница, како министер, ги слушнав резултатите од Националната проценка на квалитетот, подготвена со WHO Macedonia и АКАЗУМ. Пораката е јасна: имаме закони, стратегии и системи, но тие сè уште не работат како еден систем.
Три работи ќе бидат приоритет:
👉Безбедност на пациентите. И пациентите и здравствените работници се плашат да пријават грешка. А грешка што не е пријавена е грешка што ќе се повтори. Пријавувањето мора да биде заштитено, за да учиме од грешките.
👉Пари за квалитет, а не само за обем. Тоа што го започнавме во Фондот сега треба да стане национална политика.
👉Јасна одговорност. Секоја институција мора да знае што е нејзина обврска.
Следува Национален план за квалитет: малку приоритети, јасни одговорности, реални рокови. Не уште еден документ на хартија.
Квалитетот не е само стандард, туку обврска кон секој пациент.
#Здравство #КвалитетНаЗдравствена #БезбедностНаПациенти #СЗО #WHO #АКАЗУМ #HealthQuality
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија за повредените од Кочани 🇲🇰🇮🇱
Претпладнево на скопскиот аеродром ги пречекав хирурзите од The Sheba Medical Center од Тел Авив, Израел. Оваа недела тие ќе бидат во Македонија за да им помогнат на повредените во трагедијата во Кочани.
👨⚕️Тимот го сочинуваат:
🔹 д-р Моти Харац, директор на Националниот центар за изгореници, признаен стручњак за пластична и реконструктивна хирургија и третман на сложени изгореници
🔹 д-р Матан Шерф, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија и хирургија на рака, раководител на Единицата за микрохирургија при Одделот за хирургија на рака
🔹 д-р Тал Канфино Кац, ортопедски и реконструктивен хирург во Одделот за хирургија на рака и спасување на екстремитети
Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа кај нас и веднаш по трагедијата, кога тимот на Шеба работеше рамо до рамо со нашите лекари. Сега се враќаат за да ја продолжат грижата за пациентите.
🏥 Најпрво ќе направат проценка на состојбата на пациентите. Потоа ќе следуваат интервенции во Кочани и во Скопје, заедно со нашите медицински тимови.
🏆 Шеба е најголемиот и најсеопфатен медицински центар на Блискиот Исток. Магазинот Newsweek во 2026 година го рангираше на 7. место меѓу најдобрите болници во светот. Тоа е негова осма година по ред во светскиот топ 10.
🙏 Им благодарам на колегите од Израел што повторно се тука. Нашите пациенти добиваат најдобра можна стручност, а нашите лекари драгоцено искуство.
#Кочани #Македонија #Израел #Шеба #здравство #солидарност #изгореници #реконструктивнахирургија #МинистерствоЗаЗдравство #Kocani #Macedonia #Israel #ShebaMedicalCenter #ShebaGlobal
🇲🇰🤝🇹🇷 Истанбул, 12. Турски медицински светски конгрес:
🎤 обраќање на отворањето
🤝 средби со БиХ, Албанија и Киргистан
✍️ Меморандум за соработка во здравството со министерот Кемал Мемишоглу
Дигитално здравство, специјалисти, лекови и вакцини. 💙
#Здравство #Турција
Меморандум за соработка во здравството со Турција 🇲🇰🇹🇷
📍 На маргините на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул се сретнав со турскиот министер за здравство проф. д-р Кемал Мемишоглу. Разговаравме за билатералните односи и го нагласивме пријателството меѓу нашите две држави.
🙏 Му се заблагодарив за помошта и солидарноста на Турција по трагедијата во Кочани. Вистинските пријатели се покажуваат во најтешките моменти.
Како подрачја на соработка ги издвоив:
💻 дигитално здравство
👩⚕️ стручна размена и едукација на специјалисти
💊 соработка во лекови и вакцини
✍️ Потоа го потпишавме Меморандумот за разбирање за соработка во здравството – рамка за конкретни заеднички проекти во корист на граѓаните на двете земји.
🏥 Во конкретизацијата на соработката ќе се вклучи и USHAŞ – турската државна агенција за меѓународни здравствени услуги.
Благодарам / Teşekkürler!
#Здравство #Македонија #Турција #Меморандум #ДигиталноЗдравство #TürkTıpDünyasıKurultayı #МинистерствоЗаЗдравство
Заеднички одговори на глобалните здравствени предизвици 🇲🇰🇹🇷
Денеска во Истанбул имав чест да се обратам на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес.
На нашите турски пријатели им честитав 103 години од прогласувањето на Републиката и им посакaв мир и благосостојба!
🧬 Посебна чест беше присуството на нобеловецот проф. д-р Азиз Санџар, чии откритија за поправка на ДНК се инспирација за младите генерации
🌍 Порачав дека глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Македонија е отворена за соработка со сите што градат модерни, иновативни и отпорни здравствени системи.
🔬 Турција изгради силни капацитети во лековите, вакцините, медицинските помагала и здравствените технологии. Гледаме простор за соработка меѓу двете земји во дигиталното здравство, истражувањето и иновациите.
🤝 Попладнево – билатерални средби, вкл. средба со министерот Кемал Мемишолу.
#Здравство #Македонија #Турција #ДигиталноЗдравство #TürkTıpDünyasıKurultayı #TÜSEB #AzizSancar #МинистерствоЗаЗдравство Види помалку
Светски ден на мозочниот удар
Денеска се обратив на одбележувањето во организација на Клиниката за неврологија - Скопје.
🩺Благодараност за организација на акции за прегледи во Скопје, Охрид, Кочани и други градови, со кои се гради свесност за мозочните удари како значајни причинители на инвалидност и смртност!
🛡️ Дури 90 отсто од мозочните удари може да се спречат.
⏱️ Времето е клучно
Кај мозочниот удар клучни се првите неколку часа – потребни се достапна радиолошка дијагностика и веднаш започната терапија. Заедно со Клиниката ги унапредуваме патеките на пациентите, за да спасиме повеќе животи и да ја намалиме попреченоста.
🏥 Ги поздравив новите чекори во неврологијата
✅ Терапијата за мултиплекс склероза – во ГОБ „8 Септември“, Штип и Охрид, а следуваат Тетово, Прилеп и Струмица
✅ Наскоро – напредок кај Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест, со УКЦ Љубљана
Благодарност до д-р Јован Божиновски и тимот на Клиниката.
🚨 Искривено лице, слабост во рака или нога, отежнат говор – веднаш повикајте 194.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#мозоченудар #времетеемозок #неврологија #превенција #здравство
Вакцинацијата против грип забрзува – вакцини има доволно за сите!
Од 14 октомври, за вакцинација против сезонски грип се пријавија 66.821 граѓанин. Најмногу се лица над 65 години и хронично болни, токму оние на кои заштитата им е најпотребна.
📊 Каде сме денес:
✅ 66.821 пријавени граѓани
✅ Најмногу пријави: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово
✅ 6.710 закажани термини, 3.266 вакцинирани од 21 октомври, во три работни дена: по околу 1.000 вакцинации дневно
✅ Од денес нова група закажувања и ритам од околу 1.700 дневно
✅ Оваа недела здравствените домови вакцинираат во домовите за стари лица, а од следната и во центрите за дијализа
🙏 503 граѓани не се појавија на закажаниот термин. Ако не можете да дојдете, откажете го терминот, за да го добие друг пријавен.
📦 Вакцини:
✅ Денес склучивме договор за дополнителни 20.000 вакцини, кои пристигнуваат до 15 ноември. Со тоа досега се обезбедени 56.000.
✅ Најавени се уште 30.000 до крајот на ноември
✅ Вкупно 86.000 вакцини: најмногу досега, околу 20.000 повеќе од пријавените
⏳ Има време: Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата сè до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска започнуваат во ноември, и тоа не е доцна.
Секој пријавен ќе биде повикан. Ви благодарам за трпението.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
#ГрипВакцинација #СезонскиГрип #Вакцинација #МинистерствоЗаЗдравство #ЈавноЗдравје
Средби на маргините на СЗО во Копенхаген
Вчера, на маргините на Регионалниот комитет на СЗО за Европа, имав повеќе средби со колеги и партнери.
🇨🇿 Со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, се заблагодарив за поддршката по трагедијата во Кочани, а разговаравме за билатерална соработка и размена на искуства во дигиталното здравство.
🤝 Со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, зборувавме за демографските предизвици.
🇦🇱 Имав средба и со поранешната министерка за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала.
🌍 Се сретнав и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:
д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа
д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар
На средбите ме придружуваше амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.
Соработката е клучна за подобро здравје за сите. 🇲🇰
#СЗО #WHO #RC76 #Здравство
На #RC76 на @WHO_Europe во Копенхаген ги претставив приоритетите на Македонија
Од Копенхаген: нашите здравствени приоритети пред Европа
Денес во Копенхаген, на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, ги претставив приоритетите на нашето здравство пред министрите од целиот регион.
Предизвиците со кои се соочуваме се заеднички за цела Европа: стареење на населението, сè повеќе незаразни болести и заминување на здравствени работници. Одговорот бара вложување, добри политики и соработка.
Нашите приоритети се јасни:
✅ дигитално здравство, за поповрзан и потранспарентен систем
✅ посилна примарна заштита и превенција, со рано откривање на болестите, вклучително и ракот
✅ поголема примена на забраната за пушење и мерки за засладените пијалоци
✅ подобар пристап до лекови и поголема заштита за пациентите.
Благодарност до СЗО и до тимот во Скопје за поддршката. Продолжуваме заедно, за подобро здравје за секого. 🇲🇰
#СЗО #WHO #RC76 #Здравство
Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба! 🇲🇰
Со почит кон револуционерите кои ги дадоа своите животи за слободата. Нивната борба беше борба за достоинство и подобар живот за народот. Денес таа продолжува преку секојдневна грижа за здравјето и благосостојбата на секој граѓанин – тоа е нашата обврска кон нивната жртва.
Вечна слава на претците! #23Октомври
Три нови трансплантации на бубрег
Денеска на Универзитетската клиника за урологија, заедно со националната координаторка за трансплантација проф. д-р Биљана Кузмановска, директорот на Клиниката за урологија д-р Башким Шабани и директорот на Клиниката за нефрологија д-р Никола Ѓорѓиевски, ги посетив пациентите на кои неодамна им беше трансплантиран бубрег: двајца од починат дарител и еден од жив дарител. Им посакав брзо закрепнување и долг, квалитетен живот без дијализа.
🙏 До семејството на починатиот дарител
Во најтешкиот момент, кога се простувавте од својот најблизок, ја донесовте одлуката да им подарите живот на други. Ви благодарам од срце, лично и во име на сите граѓани.
💙 До живиот дарител
Ви благодарам што дел од себе му подаривте на својот најблизок.
👨⚕️ До тимовите
✅ На хирурзите, анестезиолозите, нефролозите и медицинските сестри кои ги изведоа трансплантациите
✅ На сите кои учествуваа во координацијата на дарувањето, од првиот разговор со семејството до операционата сала
📊 Трансплантации годинава
✅ Со овие три трансплантации, годинава се изведени вкупно 15 трансплантации на бубрег, во споредба со 11 во целата 2025 година
✅ До крајот на годината се планирани уште три трансплантации од жив дарител
💚 Дарувањето органи спасува животи
Еден починат дарител може да им помогне на повеќе пациенти
Многу наши сограѓани сè уште чекаат на листата за трансплантација
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
Министерство за здравство
#ДарувајЖивот #дарувањеоргани #трансплантација #благодарност #здравство
Се вакцинирав против сезонски грип
Денеска во Институтот за јавно здравје ја примив вакцината против сезонски грип. Денеска вакцинацијата започна во сите пунктови низ државата.
💉 Вакцинацијата е најдобрата заштита од грипот. Докажано ги спречува потешките форми на болеста, компликациите и смртните исходи, особено кај ризичните групи.
📊 Каде сме денеска
✅ 55.535 граѓани се пријавија од 14 октомври
✅ Над 60% од нив се постари од 65 години
✅ Пријави има на сите 31 пункт низ државата
✅ До пладне се вакцинирани 368 граѓани
📝 Како да се пријавите
✅ Пополнете ја формата на vakcinacija.mk
✅ Ќе добиете СМС со точниот датум, час и пункт за вакцинација
👥 Бесплатната вакцина е наменета за: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени i деца од 6 месеци до 5 години
Ако припаѓате на некоја од ризичните групи, а сè уште не сте се пријавиле, пријавете се што поскоро.
За секој пациент, секој ден. 🇲🇰
Министерство за здравство
#сезонскигрип #вакцинација #превенција #МојТермин #здравје
Во „Тема на денот“ на Сител Телевизија,
Вечерва гостував „Тема на денот“ на @SitelTV во каде што со Иван Кузмановски отворено разговаравме на неколку теми:
🔹 Итната помош: од нови возила до нов систем
🔹 Посетата на Софија, склучување на план за соработка со Министерот Катја Ивкова, отвореноста и подготвеноста за соработка 🇲🇰🇧🇬
🔹 Случајот на И.М.
🔹 Што прават здраствените власти за повредените од трагедијата во Кочани, со кои имав средба.
📺 Погледнете го целото интервју 👇
🔗 youtube.com/watch?v=vwHpBXDp…
#Здравство #Интервју #СителТВ #ТемаНаДенот
🚑 100 нови возила за Итната медицинска помош
#ИтнаПомош #ИМП #Здравство #МинистерствоЗаЗдравство #НовиВозила #Македонија
Итната помош: од нови возила до нов систем
Денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ги промовиравме 100-те нови возила за Итната медицинска помош. Тоа е важен чекор, но само почеток.
🩺 Опремата во возилата е на сосема ново ниво: напреден дефибрилатор/монитор со пејсинг, ЕКГ и ST/QT мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, вентилација/климатизација, автоматска носилка и систем за намалување на вибрациите. Тоа значи дека третманот на пациентот почнува уште во возилото, а не дури во болница.
🚑 Планот е возниот парк на Итната помош од сегашните 140 да го зголемиме на 200 возила. Веќе водиме разговори за уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно ги следиме кадровските потреби и критичните точки, за ресурсите да одат таму каде што се најпотребни.
Но возилата сами по себе не се доволни. Затоа ја реформираме целата служба:
✅ ИМП како посебна установа, одделена од Здравствениот дом, прво во Скопје
✅ воведување парамедици во тимовите
✅ национален систем за тријажа, за еднакво постапување насекаде
✅ национален диспечерски центар со јасни показатели за успешност (KPI)
Ги поздравувам основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за овие реформи.
Целта е јасна: секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа.
#ИтнаПомош #ИМП #Здравство #Реформи #Македонија














































